Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Вашето сметководство – дигитализирано, сигурно и секогаш достапно.

Дигиталното сметководство на сметководственото биро Александар-АК претставува современ софтвер што овозможува автоматизација и оптимизација на дел сметководствените и финансиските процеси во Вашата компанија.

Софтверот е достапен преку интернет прелистувач и мобилна апликација, што значи дека целото Ваше сметководство е секогаш на дофат – едноставно, брзо и безбедно.

Овој софтвер ја олеснува Вашата комуникацијата со сметководственото биро Александар-АК, за сите потребни документи кои што редовно треба да ги доставувате од сметководствен аспект.

Тоа подразбира евиденција на вработени (пријава и одјава), креирање на плати, прикачување на фактури за книжење, прикачување на документи и извештаи од работата.

Клучни бенефити на софтверот

  • Сметководство без хартија – дигитална евиденција и документирање, со позитивно влијание врз животната средина.
  • Брза комуникација со бирото – сите документи и извештаи доставувате со еден клик.
  • Подобра организација и прегледност – сите финансиски и сметководствени информации на едно место.
  • Паметни деловни одлуки – пристап до релевантни податоци во реално време за полесно управување со компанијата.

Главни функции на софтверот

Вработени

Компаниите имаат пристап на списокот на сите вработени, можат да додаваат и да одјавуваат вработени, како и да додадат оглас за нова работна позиција.

Погледнете преку следните примери кои корисни функционалности ги нуди овој софтвер во поглед на вработените во Вашата компанија.

Додадете вработен во Вашата компанија

Пријавете оглас за вработен

Брз преглед и корекции на вработени

Одјава на вработени

Плати

Компаниите можат да ги одобруваат платите на вработените и да имаат пристап на платите на месечно ниво, како и да извршуваат нивни промени. Во овој видео пример, погледнете какви се функционалностите на софтверот за плати.

Договори на дело

Контрола на едно место на сите фактури, договори за кои е потребна заверка, ДДВ пријави, извештаи, договори за закуп, договори за дело…

Вашиот финансиски архитект

Зачлени се во нашиот newsletter!
Социјални мрежи
Контакт

+389 02 2403 271

+389 70 360 766

info@aleksandarak.mk

Александар-АК Сметководствено Биро © 2026. Сите права се задржани.