Тимот на сметководственото биро Александар-АК Ви нуди помош и во административните работи:
- Совети во изработка на Вашите фактури, меморандуми, испратници и други документи
- Помош во изработката на евиденционите книги (Книга на влезни и излезни фактури, Дневен финансиски извештај, Матична евиденција на вработените, Евиденција во трговијата, Приемни калкулации, Магацинско работење и др.)
- Организација на систем за проток на документи во системи со повеќе организациони единици
- Стручна помош во организација и вршење на редовни и вонредни попис
Исто така, Ви нудиме правни совети и услуга во следните полиња:
- Издавање под наем на недвижности, машини, опрема
- Пријавување и одјавување работници во Агенцијата за вработување
- Помош во разни кадровски проблеми и промени (особено околу технолошкиот вишок и заминување на кадар во пензија)
- Составување мобинг изјави
- Дополнителни договори за работно ангажирање и договори на дело
- Трговско посредување
- Франшиза


Банкарско работење
Во банкарскиот промет нудиме помош во:
- Девизното работење
- Составување на извештаи за Народна Банка
- Совети и помош во платниот промет (особено околу работата со кодови, токени, фискални апарати)
Нашето искуство ќе Ви помогне во изборот на најповолна банка соработник, особено ако сте почетник во бизнисот, со помош на споредбен преглед на условите кои ги нудат деловните банки.

